63-годишниот Дерил Пинкинс кој бил затворен во мај 1991 година откако една жена го обвинила дека во 1989 година ја одвлекол во својот автомобил и со часови ја силувал, е ослободен по 25 години затвор, откако со нова ДНК технологија било утврдено дека тој воопшто и не бил на местото на настанот. Тој цело време тврдел дека е невин, но сите докази посочувале против него.
Но сега, тестовите извршени од страна на Проектот за невиност на Индијана, при што била употребена најнова ДНК технологија, неправедно обвинетиот човек најпосле е е на слобода. По четвртина век минат в затвор, Пинкинс ги игубил забите, станал дијабетичар и има заболување на тироидната жлезда. Но и покрај сѐ, кога во понеделник наутро зачекорил пак да се соедини со своето семејство, сиот блескал од среќа.
Помеѓу луѓето присутни во судницата бил присутен и неговиот 24-годишен син кој се родил додека Пинкинс се наоѓал во затвор.
„Беше пишано да се случи овој ден“, изјавил Пинкинс за новинарите кои го чекале надвор од судницата. „Имаше дупка во системот. Таа навистина постои, и јас не сум единствениот кој минува низ вакво нешто. Но, луѓето ја немаат таа среќа да го имаат тимот кој го имам зад мене.“
Случајот на Пинкинс бил преземен од страна на тимот „Проект за невиност“ од американските градови Индијана и Ајдахо, како и професори од Правниот факултет на Индијана. Во 2007 година бил употребен нов метод на анализирање на ДНК, кој е наречен ТруАлел (вистински алел), и Пинкинс е првиот човек ослободен благодарение токму на оваа технологија на утврдувае на идентитетот. Од друга страна, жената која го обвинила за силување сѐ уште тврди дека тој е човекот кој ја силувал.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!