Во регионот Базиликата, јужна Италија, се наоѓа древен град наречен Матера, познат по своите пештерски куќи наречени „саси“. Сасите се издлабени во издлабени во карпите во долината на тоа што некогаш било голема река, но сега е мал поток. Се верува дека овие пештерски живеалишта се меѓу првите човечки населби во Италија, коишто датираат уште во палеолитската ера, пред некои 9 000 години.Оттогаш, па сѐ до 150-те, пештерите биле постојано населени.
При основањето на првите човечки населби на територијата на Матера биле искористени многуте природни пештери во регионот коишто го дефинираат карпестиот пејсаж. Со текот на времето биле ископани и нови пештери со цел да се смести растечкото население. Некои од најраните куќи изгледаат како камени колиби, но зад фасадите кои наликуваат на куќи, се само обични пештери. Како што градот се развивал, се претворил во куп тесни улички и скалила, бидејќи жителите копале секаде адешто карпестото тло ќе им го дозволело тоа.
Сѐ до дваесеттиот век, регионот Матера бил еден од најсиромашните во Италија. Немало електрична струја, ниту водовод и одводен систем. Имало недостаток од најосновните работи бидејќи немало ниту продавница во селото. Типичната исхрана се состоела од леб, масло, мелени домати и пиперки. Големите семејства живееле крај нивната стока и во такви нехигиенски услови, болестите беснееле, особено маларијата. Крајната сиромаштија на овие луѓе за време на фашистичкото владеење на Бенито Мусолини е опишана во книгата „Христос застана во Еболи“, од италијанскиот доктор Карло Леви.
По Втората светска војна, новата влада се обидела да ги пресели жителите во современи живеалишта, но многу луѓе не сакале да се иселат. На крајот владата морала присилно да ги пресели во нов град изграден на врвот на карпата. Судбината на Матера се изменила по 1993 година кога УНЕСКо ги прогласи пештерските живеалишта и цркви за светско културно наследство, привлекувајќи многу туристи. Оттогаш, многу од пропаднатите пештери биле обновени и претворени во удобни домови, хотели со висок стил и ресторани.