Сликарката и архитектка Маја Вронска ги слика уникатните постигнувања во архитектурата во детално изработени акварели. Не само што во целост ги прикажува овие згради, туку и се сосредоточува на специфичните детали на нивната конструкција и околина како лустерите кои висат од древната црвка, или гулабите кои кружат околу нејзината надворешност. Овие елементи се доловени со вешто око и способност како да се улови особеноста на просторот, а не само естетиката, проникнувајќи ги нејзините слики со богатата традиција на секое од овие места.