Вчера на Мотика можевте да прочитате дека во историјата навистина постоеле прирачници за правење магии, но видеото подолу воопшто не е дел од тие вештерски рецепти (иако изгледа дека е). Овој демонски оган изгледа како некаков вид на враголија од Некромантскиот прирачник, но всушност се работи за обичен училишен експеримент.
Соединението амониум дихромат ((NH4)2Cr2O7) уште е познато и како Везувски оган. Кога ќе се запали, се создава ефект на вулканска ерупција. Но за разлика од типичниот училишен научен проект, овој мал вулкан на крајот се претвора во вистинска хорор сцена.