Благородните чинови на добрина без да очекува ништо за возврат резултирале со чудотворно оздравување на овој човек кој имал рак на стомакот. Брајс Ројер, познат пот тоа што ја отворил својата фејсбук страна „Гифт Економи“, од сесрце верува во поговорката „колку повеќе даваш, толку си побогат“. Но, тој не отсекогаш го имал тој оптимистичли став. Минатата година неговиот живот добил драстичен пресврт кога му бил дијангостицирана ретка форма на стомачен канцер. Бидејќи осаменоста и депресијата се заканувале да го преземат неговиот живот како последица на болеста, тој решил да си препише на себеси едно особено лекарство, секој ден да прави добрина без да очекува ништо за возврат.

rk01

И покрај тоа што му се случило, тој знаел дека на тој начин тој ги збогатува животите на другите луѓе. Тој исто така имал чувство дека ако е милостив кон другите, тоа би можело да ја подобри и неговата здравствена состојба. И верувале или не, навистина се случило така.

На 14-ти април, Ројер го посетил својот доктор за да ги прими резултатите од испитувањата, единаесет месеци откако овој современ добар самарјанин почнал да дава донации за луѓе во нужда, нудејќи безусловна љубов. Замислете го неговиот восхит кога ги примил добрите вести дека повеќе нема рак!

„Веќе немам рак!! Благодарение на сета љубов и љубезност, тоа конечно се исплатеше! Никаква операција, хемотерапија или лекарства“, споделува Ројер.

Лекарот му соопштил дека туморот се намалил, и дека можеби не е ни малиген, велејќи дека резултатите се „необјасниви“ според законите на западната наука.

rk02

Многумина веруваат дека чувствата играат моќна улога во телесната манифестација на болестите. Често се смета дека ракот всушност е резултат на потиснат гнев и јадосаност, додека милостивоста и прошката му помагаат на заздравувањето. Можеби ова го објаснува и спонтаното заздравување на Брајс.

Во изминатите единаесет месеци Ројер сторил многу добрини за другите. Не само што собрал 25 000 долари за изградба на мал дом опремен со соларни панели за една бездомна самохрана мајка, туку помогнал за изградбата на едно мало село кое ќе помогне во преминот на бездомните луѓе кон постојана работа и дом. Покрај тоа, тој помогнал секоја недела да се испорачува органски зеленчук во засолниште за бездомници.

„Луѓето кои се душевно или телесно болни се вдахновуваат да прават добрина и да го менуваат светот. Исто како и нив, и јас планирам да правам добрини за да се исцелам себеси и другите“, вели Ројер.

Се разбира, постојат различни форми на болести и никогаш не се знае исходот, па така не секогаш можеме да се потпреме на холистички принципи и самоисцеление, но позитивниот пристап во секој случај нема да штети, бидејќи токму стресот на современиот живот во голема мера придонесува за болестите на новото време.

Сподели на Facebook
пати видено