Кинеските истражувачи го претставија својот најнов изум, нов робот кој е осмислен да наликува на жена. Развиен во Кинескиот универзитет за технологија и наука, за овој робот биле потребни три години за да се направи и е способен да имитира човечки говор и изрази на лицето.
Благодарение на уникатното програмирање, Џиа Џиа исто така може да препознае кога некој ѝ зборува и може да реагира кога некој ја слика. Иако способностите на овој робот сега за сега се ограничени, неговите создатели се надеваат да продолжат со развивањето на неговите способности за учење за уште поверно да може да го имитира човечкото однесување“
„Се надеваме дека ќе успееме да создадеме робот со способности за длабоко учење“, вели неговиот создател Чен Шиаопинг. „Ќе додадеме способоност за препознавање на изразите на лицето и со тоа ќе овозможиме подлабоко взаемодејствие со луѓето.“