Мишел Кингдом, уметница од Лос Анџелес, САД, продолжува да импресионира со нејзиното вешто владеење на иглата и конецот. Нејзините гоблени и пејзажи ги отсликуваат поединците фатени во интригантни, а сепак двосмислени ситуации кои наликуваат на сон, со ликови загубени во светот и без контрола или во процес на потрага по некакво значење. За својата работа таа то споделува следното:
„И покрај тоа што се минијатурни во своите размери, сцените се густо извезени во компресирани композиции. Иако работата со игла е карактеристична по својот раскош, нишките ги употребувам како алатка за скицирање со цел истовремено да ѝ оддадам почит, но и да ја поткопам традицијата. Убавината напоредно со мелахнолијата споени со ранливото и експресивното.“