Земјата е стара. И сонцето е многу старо. Но, знаете ли што би можело да биде постаро и од двете? Водата! Вистинска мистерија е како таа ја облеала Земјата, но според најприфатената теорија, водата на нашата планета веројатно допатувала во вид на замрзнати прашинки во космички облак, пред нашето сонце да екплодира пред 4,6 милијарди години. Според ова испаѓа дека водата во океаните, како и водата што ја пиеме можеби е со милиони години постара и од самиот сончев систем.
Според ова, дел од прастариот лед го преживеал хаотичното создавање на нашиот сончев систем и допатувал на Земјата. За да го демонстрираат ова, истражувачите ги анализирале водните молекули во океаните барајќи показатели за древното минато.
Ваков показател е т.н. тешка вода. Водата, како што знаете е сочинета од два атоми водород и еден атом на кислород. Но, некои водни молекули го соджат покрупниот близнак на водородот – елементот деутериум, кој од водородот се разликува по тоа што во своето јадро содржи и неутрон.
Вода богата со деутериум има на другите планети и месечини, а дури и тука, на Земјата, но истражувачите не се сигурни од каде потекнува таа. Според една од теориите, тешката вода се формирала во меѓуѕвездениот облак и пропатувала низ сончевиот систем до Земјата. Со помош на компјутерски модел, научниците во напис од 2014 година покажале дека милијарди години старите ледени молекули можеби ги преживеале сончевите ултравиолетови зрачења и дошле на Земјата, помагајќи во формирањето на условите за живот.
Тие заклучуваат дека остатоци од овој древен лед се расфрлани низ целиот сончев систем: на месечината, кометите, на половите на Меркур, во остатоците на истопините на Марс, на Европа, месечината на Јупитер – па дури и во вашето шише вода. Е, за ова заслужува да се крене чашата и да се наздрави.