Лук Ирвин налетал на добро зачувана римска вила стара 1400 години, која што можеби била дом на император. Вилата е најдена во градината зад неговата куќа и се смета дека е најзначајното откритие на деценијата. Ирвин поставувал електричен кабел во својата штала, кога открил подземен мозаик. Дизајнерот на килими, кој измените на својот имот ги правел за неговите деца да можат да играат пинг-понг, го сликал откритието и ја пратил фотографијата барајќи повеќе информации.

rm01

Г-н Ирвин рекол: „Ја пратив фотографијата до советот и во текот на 24 часа пристигнаа археолози за да видат што сум нашол.“

Експерти од музејот во Солсбери внимателно почнале да го ископуваат локалитетот, и увиделе дека мозаикот претставувал дел од подот на голема римска градба. По осумдневно ископување, археолозите откриле богато украсена и „исклучително добро зачувана“ вила, за која се смета дека е една од најголемите вили најдена во земјата.

rm02

Датирана во периодот помеѓу 175 и 220 н.е., се смета дека тоа била голема трикатна куќа, слични на тие најдени во Чедворт и Глостершир. Тимот открил стотици фрлени школки од остриги кои биле вештачки одгледувани и носени живи од брегот во буриња со солена вода. Со ископувањата биле откриени и „висококласна грнчарија“, брошови, пари, како и коски од диви животни кои биле ловени.

rm03

Ова големо откритие ќе помогне уште подобро да се разбере животот во Римската империја и постримска Британија.

rm04

Сподели на Facebook
пати видено