Ники Бун започнала да фотографира како хоби додека работела како физиотерапевт во Шкотска. Но оваа Новозеланѓанка се заинтересирала за уметноста за време на своето патување во странство, и набргу кога се вратила дома и основала семејство, нејзината страст повторно се разгорела. „Детство во дивината“ е фото серија на која е прикажан животот на нејзините четири деца без никаква технологија, кои детството го минуваат на нејзиниот имот во Нов Зеланд. На секој роденден на нејзините деца таа им подарува по една фотографија како роденденски подарок.

„Со сигурност кога живеете на село има многу работа и има животни за кои е потребна грижа“, споделува Бун. „Но, главно во таа работа си уживаме и е одличен начин децата да се здобијат со чувство за тоа што значи да се работи за да се ужива во тоа што го имаме, од прва рака да научат од каде доаѓа нашата храна, да научат за животот и смртта, два составни делови на животот кои се интересни, но не секогаш лесни животни лекции за учење.

Моите деца не одат на училиште и живеат без телевизор или било каков друг современ електронски уред. Тоа е животен стил кој на многумина би можел да им се чини како невообичаен. Но јас сум тука за да го прославувам постоењето на ова волшебно место и одбрав да живеам со моето семејство. Ги овековечувам нивните дни, заедно и во околина полна со природа и неограничена игра. Фотографиите се физички запис за нивното детство, за животот таков каков што е. Но исто така како одраз на деството вкоренето длабоко во моето минато. Место на најискрена слобода. Детство кое сега им го пренесувам на моите деца.

Мислам дека деца се наоѓаат таму кадешто припаѓаат, кога се целите покриени со кал, трчајќи и живеејќи низ природата, тие припаѓаат тука, диви и слободни.“

dv01 dv02 dv03 dv04 dv05 dv06 dv07 dv08 dv09 dv10 dv11 dv12 dv13 dv14 dv15 dv16 dv17 dv18 dv20 dv21 dv22 dv23 dv24 dv25 dv26 дv19

Сподели на Facebook
пати видено