Во Велика Британија е развиена паста која ги поправа забите додека спиете. Производот содржи BioMinF, кој се сврзува со забите, ги пополнува дупките и полека испушта смеса од калциум, фосфат и флуорид. Оваа уникатна паста е дело на тим предводен од проф. Роберт Хил, претседател на одделението за стоматолошка наука во Лондонскиот универзитет „Кралица Марија“.

pz01

Во иднина, оваа чудотворна смеса – позната како биоактивно стакло – ќе биде употребувана за заштита на детските заби. Истражувачите се обидуваат да најдат начин како целосно да ги замени забарските бушалки. Пастата веќе е во продажба, по цена од 6 евра. „Употребувањето на реминализирачка паста ги прави забите поотпорни на киселината која се создава од овошните и газираните сокови“, вели проф. Хил. „Исто така, таа е многу поефикасна од конвенционалните пасти во кои активните состојки како растворливиот флуорид се измиваат и ја губат ефикасноста два часа по миењето.“

pz02

Сподели на Facebook
пати видено