Велосипедите отсекогаш биле зелената алтернатива на автомобилите, а сега возењето велоспиед не само што е позелено, туку е и поцветно со овие симпатични мали велосипедски вази. Тие се дело на Колин Џордан, дизајнерка и уметница од Атланта, којашто управува со компанијата Вербл Плантер, компанија која овозможува вашите цвеќиња и растенија да ги носите насекаде со вас.

Вазите се 3D испечатени и рачно украсени, и лесно се закачуваат на рачките на велосипедот. Покрај вазите, компанијата продава и 3D печатен накит како ѓердани и значки кои во себе содржат мали живи растенија. Колин ја црпи инспирацијата од светот околу неа, но покрај тоа таа била мотивирана да ја основа компанијата поради тоа што нејзините професори на Џорџија Тек и универзитетот Лунд покажувал мал интерес за нејзините идеи, за кои признава дека понекогаш и самата мислела дека се малку претерани. „Речиси секој професор на кој ќе му ја претставев оваа идеја ми кажа дека не можам да ја истражувам на нивните часови, што се разбира ме мотивираше овие замисли да ги претворам во реалност.“

Своите производи таа ги продава на сајтот Etsy.

vz01 vz02 vz03 vz04 vz05 vz06 vz07 vz08 vz09 vz10 vz11 vz12 vz13

Сподели на Facebook
пати видено