За првпат во историјата, истражувачи успеале да вратат во живот мозок на крионички замрзнат зајачки мозок! Ова е особен научен подвиг, бидејќи успеале да го оживеат мозокот во речиси совршена состојба, употребувајќи техника позната како алдехидно стабилизирана криопрезервација, со помош на која се зачувува мозочната материја поврзана со учењето и помнењето.
До сега оваа техника резултирала со значителни оштетувања на нервните врски, со што сите обиди за оживување биле напразни.
„Секој неврон и синапса во мозокот изгледаат прекрасно зачувани“, вели д-р Кенет Хејворт, претседател на Фондацијата за мозочна презервација којашто пред пет години упатила предизвик до научната криогеничка заедница да изнајдат начин за остварување на задачата.
„За првпат имаме процедура која може да заштити сѐ што според невролозите е поврзано со учењето и помнењето. Според објавените резултати, мислам дека долгорочната меморија со оваа техника е успешно зачувана.“
Следниот чекор е да се оживее мозок на голем цицач – најверојатно на свиња. Надежта со овие техноогии е да се направи да биде возможно да се зачува човечки мозок, кој во далечната иднина би можел да биде оживеан и пресаден во друго тело.