Директорот привикнува тројца работници кои задоцниле на работа. Ги прашува за причините.
Првиот:
– Шефе, утрото станав и се подготвив навреме, како секој ден. По едно време жената излегува од собата на малиот и вели: „Детето има температура!“ Го однесов до болницата, почекав да го прегледаат, го вратив дома и дојдов на работа но задоцнив.
Вториот:
– А мојата кола не запали. Фатив автобус, но сум се качил во 22-ка, наместо во 2-ка и додека се префрлив, задоцнив и јас.
Третиот:
– Шефе, излегувам јас од дома токму навреме. Само што ја заклучив влезната врата и слушам од соседниот стан извици: „Помош! Помош!“. Влегувам и што да видам: Комшиката синоќа го лакирала паркетот. Утрото решила да се истушира и на излегување од бањата се лизнала на паркетот паднала на грб и се залепенила на лакот.
– И ти ја одлепи ли?
– Три пати!…

Сподели на Facebook
пати видено