Пред да стане позната, Мерилин Монро била позната како Норма Џин Доерти, а во 1946 години таа и нејзиниот љубовник, фотографот Андре де Диенез, отпатувале на една плажа во Малибу, кадешто дваесетгодишната идна русокоса секс бомба позирала за серија фотографии. Фотографот раскажува за тоа со следните зборови:
„Таа имаше дваесет години и никогаш дотогаш ја нема искусено интоксикацијата со успехот, а сепак имаше сенка во нејзиното зрачење, во нејзината смеа. Од неа побарав да реагира инстинктивно, без да си дава време да размислува за зборовите среќа, изненадување, сомнеж, мир, тага, самоизмачување и смрт. Кога го кажав зборот „смрт“, таа ја зеда својата темна облека и си ја покри главата со неа. Смртта за неа беше црнило, ништожност. Се обидов да измамам уште една реакција од неа. Смртта можеби е почеток, надеж за вечна светлина. Таа затресе со главата: „Тоа е смртта за мене.“ Се сврте кон мене, нејзиното лице свиснато и во очај, очите заматени, нејзината уста одеднаш ја изгуби бојата. За неа, смртта беше крај на сѐ.“