После патувањето лорд Џејмс се враќа во замокот, го вика својот слуга Ричард и го прашува, додека бил во отсуство дали кај жена му дошол лорд Чарлс.
– Да, беше овде. – Одговара Ричард.
– И што правеа?
– Вечераа заедно, потоа пиеја вино, после пуштија грамофон и танцуваа.
– А понатаму?
– Хм… потоа се бакнуваа.
– А потоа?
– Потоа отидоа во спалната соба, но ја изгасија ламбата и јас не видов што правеа натаму.
– По ѓаволите! – Се нервира лорд Џејмс. – До кога ќе трае оваа ужасна неизвесност…