И порано имаме пишувано за медицински сестри убијци, но се чини дека оваа појава е пораспространета отколку што се мислело. Неодамна една медицинска сестра од Италија била обвинета за убиство на тринаесет нејзини пациенти во периодот помеѓу 2014 и 2015 година. Нејзиното откривање било отежнато со фактот дека таа напаѓала постари лица, со што нејзините злодела биле полесни за прикривање.
55-годишната медицинска сестра која работела во болница во Пјомбино била уапсена за убиство на најмалку тринаесет нејзини пациенти.
Сите нејзини жртви се наоѓале на возраст помеѓу 61 и 88 години, и се верува дека ги убивала со давање на смртоносни дози на антикоагулант преку инфузија.
Полицијата се посомневала во сестрата откако согледала дека сите починати пациенти биле во нејзина грижа.
Кога осомничената била преместена во одделението за интензивна нега, смртната стапка во поранешното одделение се намалила за осум отсто. Ова злосторство потсетува на една друга медицинска сестра сериски убиец, Даниела Поџиали, којашто била обвинеата за убиство на 38 ејзини поциенти, а некои сметаат дека бројот на нејзините жртви достигнува и до 96.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!