На познатиот писател Иан Мекјуан не му е грижа за политичката коректност и го кажа својот искрен став за новата мода која се наметнува во светот. 67-годишниот Мекјуан одржал предавање пред студентите во Кралската Установа во Лондон, кадешто бил поканет да зборува за развојот на личниот идентитет низ историјата.

ian-mcewan

Авторот на романот „Искупување“ и добитник на Букеровата награда во Амстердам, вознемирил некои луѓе кога кажал дека идентитетот на личноста е условена од биологијата и општествените норми. За сметка на тоа, вели тој, сега луѓето се однесуваат кон идентитетот како кон нешто што се купува.

„Себството, како некоја потрошувачка потрепштина, може да се извлече од полиците на супермаркетот за личен идентитет, како во стилот пери-носи.“

Мекјуан не е првата позната личност која изразува т.н. контроверзни гледишта во врска со трансполовоста. Феминистката Џермејн Грир и писателката Џули Бајндел исто така ја разбранувале т.н. прогресивна јавност во последните осумнаесет месеци. Особено се истакнала Грир, која кажала: „Не верувам во тоа дека жените се мажи без к*р“.

im02

Прашањето за менување на полот влезе во фокусот на вниманието на јавноста кога бившиот олимпиец и ѕвезда во „Семејството Кардашијан“ Брус Џенер обзнани дека се подложил на хируршка интервенција за менување на полот. Поранешниот носител на олимписки златен медал се појави на насловната страница на списанието „Саем на суети“ по неговата трансформација и во многу наврати проговри за прашањето, при што многумина ја поддржаа неговата храброст и стил.

Мекјуан смета дека идентитетската криза на луѓето со полова дисморфија е „горчлив конфликт“ и предупреди дека низ американските и британските универзитети се шири комплекс на жртва, при што луѓето со ваков проблем се ставаат на еден вид пиедестал.

im03

Неговиот говор наишол на добар прием кај публиката, но се јавила некоја жена која кажала дека неговите коментари биле „навредливи“ и го замолила да биде малку попрецизен. На тоа тој одговорил: „Ако сакате, наречете ме старомоден, но имам обичај за луѓето со пенис да мислам како за мажи. Знам дека влегуваат во тежок свет кога ќе станат трансексуалци и ни кажуваат дека се жени, тие стануваат жени, но интересно е кога ќе го слушнете конфликтот помеѓу феминистките и луѓето во оваа група.“

Не сите биле импресионирани од коментарите на Мекјуан. Стоунвол, организација за права на ЛГБТ заедницата, побарала од писателот да се извини за неговиот говор кој истиот го оквалификувала како „болен и опасен“. Активистот Питер Тачел изјавил дека писателот нема право да коментира за тоа како луѓето го определуваат полот. Но, и тој смета дека комплексот на жртва како последна мода во универзитетите низ САД и Велика Британија се штетни.

Сподели на Facebook
пати видено