Бабата пржи ќофтиња. Мачето доаѓа и почнува да ја моли:
– Мјаууууу, мјауу!!!
Бабата го клоцнува. По малку време мачето доаѓа пак:
– МЈАУУУ!!!
Бабата го проколнува и пак го клоцнува, овој пат посилно. Ама маче не се откажува и доаѓа пак:
– Мјаууу!
И бабата пак го клоцнува нервозна. И тоа се повторува додека не влезе зетот. А бабата веднаш:
– Зетко, дојди тука, миличок, ќофтиња сум ти направила!!!
Зетот седнува на масата и додека бабата му става ќофтиња, мачето доаѓа повторно. И почнува:
– МЈАУУУУУ!!!
Зетот крши мало парче ќофте, му дава на мачето, а тоа веднаш оп, се превртува на грб! На зетот му пука филм, станува и врзува на бабата еден толку силен шамар што таа паѓа во ќошот на собата. Тогаш мачето се исправа и вели:
– Кого ќе клоцаш ти ма?!!! Еве ти сега!

Сподели на Facebook
пати видено