Можеби е тешко да се верува, но до пред само осумдесет години навистина постоеле зоолошки градини во кои биле изложувани луѓе. Една од најдобро документираните човечки зоолошки градини Jardin d’Agronomie Tropicale (Градина на тропска агрономија), изложба на францускиот колонијализам во Париз. Секој посетител можел да види реконструкции од француските колонии како Мадагаскар, Индокина, Судан, Конго, Тунис и Мароко. За нештата да бидат поавтентични, овие поставки содржеле и вистински жители – грабнати директно од местата коишто спомнатите реконструкции и ги претставувале. Ако ова ви звучи ужасно, не прашувајте се зошто е така – бидејќи навистина е ужасно.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.