Оак Оак е млад човек од Сан Етјен (Франција) кој многу сака да се шета низ градот. Но, за разлика од обичниот турист кој ги посетува историските згради и најголемите предизвици во архитектурата, Оак Оак ги бара најбезначајните детали. Мала пукнатина на ѕидот – токму тоа ќе го привлече неговите внимание. Но наместо во тоа да гледа дефект, гледа мрежа распната од Спајдермен. Ќе забележи знак кутнат на земја? Нема да се гневи на кој и да е тој којшто не го кренал, туку ќе измисли приказна за тоа како се нашол таму. Оак Оак е страничен набљудувач во урбана околина. Добредојдовте во неговиот свет.