Македонската фудбалска репрезентација игра многу важен натпревар за квалификации на Светско првенство. Топката оди надвор од теренот и застанала на еден мравјалник. Еден од „ѕвездите“ на репрезентацијата, кој бил најблиску до местото се затрчал силно кон топката и замавнал моќно со десната нога. Облаци од прав, песок, дрвца и мравки летнале во воздухот. Сѐ се кренало освен топката. Таа стоела недопрена на истото место. Фудбалерот нервозно направил неколку чекори наназад, зел залет и уште посилно шутнал. Прав, песок, мравки, повторно се кренале во воздух, но топката не се поместила. Две мравки среќно ги преживеале двата шута. Едната се свртела кон другата и уплашено рекла:
– Брзо, брзо, мисли, сега како да се спасиме?
– За тебе не знам – рекла другата – ама јас ќе се качам на топката.

Сподели на Facebook
пати видено