Екипата на Мотика во ги честита денот на шегата.
– – – – – –
– Мамо, мамо, девојка ми е трудна.
– Молам!?!?!?
– Априлилииии. Геј сум.
– – – – – –
Дечко и се додворува на девојка на Фејсбук.
Тој:
– Сакаш ли да ми бидеш девојка?
Таа:
– Не.
Тој:
– Па тогаш, Априлили.
– – – – – –
Какви времиња дојдоа: Ако порано секој маж беше должен да замени прегорена сијалица дома, сега секој маж е должен да знае да постави рутер со WiFi.
– – – – – –
Маж и жена, после долг семеен живот. Таа погледнува изненадена под ќебето, а тој со ерекција. И таа извикува:
– Аууу, види – станал!
– Тивко, ма, ќе те познае по гласот!
– – – – – –
Одисејата – жив пример, какви приказни може да измисли еден маж, за да ѝ објасни на жена си, каде бил последните 15 години.
– – – – – –
– Мамо, зошто јас ја местам Рубиковата коцка за неколку секунди, а другите деца се толку бавни?
– Затоа што си далтонист…
– – – – – –
– Шефе, денес не можам да дојдам на работа, многу сум болен.
– Како така? Денес имаме многу важен состанок, тоа не може да се одложи, колку си болен?
– Паааа… во моментов ја „работам“ жена ти, колку болен мислиш дека може да сум…
– – – – – –
– Што ќе направиш ако мечок ти ја нападне жената?
– Ништо. Сам ја нападнал, сам нека се брани.
– – – – – –
– Драги! Си ги избричив нозете…
– Што сакаш да ми кажеш? Пак ли го запуши сифонот во бањата?
– – – – – –
– А вие верувате ли во задгробен живот?
– Почетокот на овој разговор нешто не ми се допаѓа, докторе…
– – – – – –
Први април. Зоки Поки трча кај мајка си и вели:
– Мамо! Мамо! Некој непознат човек отиде на гости кај комшивката и сега ја е.е!
– Леле! Ужас!!!
– Априлилиииии… Само се шегувам мамо, не е непознат, тато е!
——–