Ситнo човече си пие пиво во кафана. По некое време влегува огромен билдер му удира една на човечето и му вели на шанкерот:
– Кога ќе се освести, кажи му дека тоа е карате удар од Јапонија.
Човечето се освестува, шанкерот му кажува и во тој момент билдерот пак го удира и му вели на шанкерот:
– Кога ќе се освести, кажи му дека тоа е кунг-фу удар од Кина.
Ситниот се исправа, се поднаместува и излегува од кафаната, а големиот седнува да му го допие пивото. По кратко време човечето се враќа, го удира билдерот, овој се онесвестува, а човечето му вели на шанкерот:
– Кога ќе се освести, кажи му дека тоа е удар со лопата од продавницата за градежни работи од другата страна.