Со експанзијата на интернетот нашите животи сосема се изменија, а од среќните детски денови останаа само спомените и по некоја фотографија. Штета што денешните деца пропуштаат некои прекрасни работи за сметка на зјапањето во малиот екран на мобилниот телефон.
Игравме на магичното место наречено „улица“, се додека не ни се расчукаа лактите и колената.
Девојчињата играа ластик или плочка (царица)
Машките играа фудбал
Им ѕвоневме на девојките на единствениот домашен телефон и се надевавме дека татко и нема да крене.
Собиравме аудиокасети
Одговори на прашањата баравме во енциклопедии
И често одевме во библиотеки
На час разменувавме ливчиња наместо СМС пораки
Се допишувавме преку писма со непознати другарчиња
Однапред се договаравме за точното место и време
Долго време ги чекавме омилените работи пред ТВ за да не ги пропуштиме
Ако сакавме да слушнеме некоја песна, си ја нарачувавме на радио и чекавме да ни ја пуштат
Игравме Тетрис
Или „Minesweeper“
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.