Студент белец бил запрен и нападнат од црнкиња поради тоа што носел суканици, при што го обвинила дека „ја присвојува афро-американската култура“, а тој се бранел со зборовите „моја коса, мои правила“. Покрај тоа што го нападнала вербално, девојката побарала ножици од нејзиниот пријател. Студентот Кори Голдстин ја прашал: „Велиш дека не можам носам определана фризура поради твојата култура? Зошто?“ На тоа жената одговара: „Бидејќи тоа е моја култура.“

cn91

„Девојката ме следела низ скалите за да ми пристапи, при што повеќе пати се обидував да си заминам, но таа не ми дозволуваше. Постојано ме зграпчуваше и ме влечеше назад, обидувајќи се да ми докаже. Воопшто не сакав да разговарам и дискутирам за целава оваа истуација со неа. Чувствував дека нема што да ѝ се објаснувам. Тоа е моја коса, мои правила, мое тело. Некои од групата активисти мислат дека ме нападна врз основа на моите суканици и тоа не е ОК“, вели Голдстин.

cn03

Голдстин исто така објаснува дека носењето суканици е присутно кај многу култури од минатото. Тој додава: „Тоа дури не е ни дел од културата на обоената заедница. Можеби е присутно во нивната култура, но е врежано и во многу други култури. Го има во египетската култура, во културата на Викинзите, дури можете да го видите и во Викторијанската култура. Тоа што носам суканици не значи дека се обидувам да си ја присвојам оваа култура. Мислам дека тоа покажува дека јас всушност ја сакам и почитувам нивната култура и дека тоа е нешто што искрено ми значи.“

Сподели на Facebook
пати видено