Во југозападна Етиопија, каде реката Омо се извива низ бујните зелени шуми, племиња во исчезнување живеат во нивните безвременски колиби. Народот Сурма, кој го чинат племињата Сури и Мурси, е познат по карактеристичните дискови вметнати во усните, препознатлив знак за убавина и статус кај нив. Но, нивното постоење е загрозено од постојаната суша, градењето на брани и основањето на национални паркови во нивните краишта. Надевајќи се да ја овековечи убавината на ова традиционално племе пред тоа да исчезне, фотографот Луиза Сетон отпатувала во оваа африканска земја. Сетон, која е родена во Најроби, Кенија, живее во Сиднеј, Австралија. Во 2015 година патувала низ селата на народот Сурма, фотографирајќи ги. „Многу луѓе ја фотографираат Африка во толку негативно светло, со војни, глад и страдања. Но, јас сакав да ја покажам убавината на овој неверојатен, силен и многу горд народ, начинот на кој тие се поврзуваат со земјата и годишните времиња“, вели таа.

af01 af02 af03 af04 af05 af06 af07 af08 af09 af10 af11 af12 af13 af14 af15

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено