Овој човек насликал стотици уметнички дела користејќи ја својата крв, па дури ја поврзал својата вена на распрскувач за да може да прска крв директно на платното. 39-годишниот Рев Мајерс од Камден, западен Сиднеј, го ризикувал својот жвиот за да стане еден од првите сликари со крв во светот.

gl01

Тој пролеал литри крв во име на неговата бизарна уметност, само за да ги провоцира луѓето. „Секогаш правев работи за да ги вџашам луѓето, за да направам да се згрчат“, вели тој. Понекогаш тој ангажира медицинска сестра за да му стави катетер во вената за да може да шприца крв директно на сликарското платно.

gl02 gl03

„Тоа го направив три пати, и веќе не ми се допаѓа“, вели тој. Оваа бизарна сликарска техника би можела да има фатални последици доколку му влезе воздух во крвотокот. „Првиот пат беше возбудливо, бидејќи не знаев дека тоа може да ме убие. А потоа почнува да ми се лоши, како да сум мамурен. Следниот ден се чувствувам ужасно“.

gl04 gl05

Мајерс, кој во текот на својот живот насликал стотици дела, чува своја крв во фрижидерот. Се храни на специјален начин за крвта да му биде колку што е можно потемна, јадејќи речиси сирово живо месо и пиејќи многу вода за неговата крв да биде со врвен квалитет.

gl08

Ете, што сѐ нема да направат некои луѓе за малку внимание.

gl09

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено