На една млада жена која сакала да умре бидејќи инсект ѝ го уништил здравјето, поминала седум години подложена на хемотерапија и лекување за состојба која можеби не ја ни имала. Кирсти Кип ја молела својата мајка Тереза да ја одведе во швајцарската клиника Дигнитас за да ѝ направат еутаназија бидејќи веќе не можела да поднесе да страда од симптомите, вклучувајќи и такви како парализа на лицето и потешкотии со дишењето.
Изминатите седум години 23-годишната девојка примала третмани за автоимунитетското нарушување лупус – вклучувајќи и стероиди и хемотерапија. Но, овој месец специјалист ѝ кажал дека нејзините симптоми можеби се должат на генетско нарушување на кожата и коските познато како Елерс-Данлос синдром. Луѓето со ова нарушување имаат генетски дефект во сврзното ткиво. Но, нејзината мајка не е убедена и сака да ја одведе својата ќерка во клиника во Германија кадешто ќе биде тестирана за лајмска болест.
Нејзините маки започнале кога имала дванаесет години кога била касната од крлеж во нејзината градина, по што раната се зголемила колку нејзината дланка. Во текот на следната деценија таа почнала да чувствува ненадејни и остри болки во пределот на лицето кои наликувале на струјни удари, по што нејзиното лице се парализирало. Потоа станала толку слаба, што не можела да стане од креветот, почнала да добива напади и вели дека се чувствувала како коските да ѝ пукаат и мускулите да ѝ се кинат. Во последните две години болката била толку неподнослива што ја молела својата мајка да ја однесе во швајцарската болница Дигнитас за да стават крај на нејзиниот живот.
Но, минатиот месец објавила молба за помош кон докторите од целиот свет. Нејзиното семејство исто така отворило фонд за собирање на средства за лекување на нејзината мистериозна болест.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!