Глобализацијата промени многу нешта, меѓу кои и начинот на кој се доживува убавината. Модните списанија, во кои се наметнува некаков „стандард“, често „пипнат“ со Фотошоп, создаваат некаква специфична претстава за тоа што би требало да претставува женската убавина, какви гестикулации треба да прави жената за да биде привлечна и така натаму. Сето тоа предизвика низ целиот свет да се носат фармерки, низ целиот свет жените да ги прчат усните и така натаму.

Но, како изгледала женската убавина пред средствата за масовна комуникација, особено телевизијата? Тоа го прикажуваат овие разгледници од периодот 1900-1910 година, од различни краишта на светот. Секој си има свој вкус, а велат дека за вкусовите не се зборува. Сепак, ако не зборуваме за вкусовите, ќе има многу малку за што да зборуваме. Јас мислам дека нема ништо поубаво од природната женска убавина.

zn01 zn02 zn03 zn04 zn05 zn06 zn07 zn08 zn09 zn10 zn11 zn12 zn13 zn14 zn15 zn16 zn17 zn18 zn19 zn20

Сподели на Facebook
пати видено