Заборавете на Гинис, Феникс Парк и Катедралата на Сен Патрик. Вистинската атракција во Даблин е величествената Долга Соба во библиотеката на Колеџот Св. Тројство. Погледнете ги сликите. Изградена во периодот меѓу 1712 и 1732 година, просторијата е долга речиси 65 метри и содржи над 200 000 наслови. Зошто толку многу? Бидејќи во 1801 година на библиотеката ѝ било дадено правото да бара бесплатен примерок за секоја книга објавена во Британија и Ирска. Покрај тоа што е најголемата библиотека во земјата, во неа исто така се чува и Книгата на Келс, којашто била напишана пред 1200 години од страна на монасите и сега е еден од најпознатите и најценети ракописи кои постојат. Во неа исто така се чуваат и преостанатите копии од прокламацијата на Ирската република во 1916 година.