Оба бебе е родено да биде ТВ водител. Запознајте се со Изабел Каплан, девојче на возраст од два и пол месеци кое се родило со густа коса. Фотографијата станала вирална сензација и сега луѓето прават смешни мемови – очигледно бидејќи ѝ завидуваат на косата.
„Мојот роднина ја видел сликата на Фејсбук и си помислил дека нејзината коса изгледа како на водител на вести и го постираше тоа на Редит“, вели веб програмерот Дејвид Каплан, татко на детето.
Дејвид и неговата сопруга Мекензи не замераат затоа што луѓето се шегуваат. „На некој начин ние сме горди затоа што таа го добива сето тоа внимание“, вели Каплан.