Метју Сајмондс изработува минијатурни архитектонски структури со обичен камен како материјал. При создавањето на овие дела тој е инспириран од контрастот прецизноста кај делот издлабен од неговата рака, и грубата природа на природниот материјал кој тој го бира за секое негово дело. Концептот исто така се осврнува и на човечкото влијание на природните средини и човечкото искажување на својата верба во постигнување преку градењето на големи градби.
„Во моите скулптури јас ги засегнувам заедничките човечки достигнувања, културните изрази дарени од различни општества и како различните културни традиции се мешаат и си влијаат едни на други“, вели Сајмондс. „Каменот е она нешто коешто најмногу опстојува од постарите времиња, и носи вградено чувство на цврстина и издржливост поради што му е дадена централна улога во историската архитектура. Исто така е и природен материјал, па така само по себе има природна врска со минатото на Земјата.“
Ова негово дело, наречено „Рингрон“(Ringrone) било изработено по нарачка на клиент кој поседува замок во Ирска кој стои во рушевини. Скулптурата на Сајмондс го отсликува тоа што тој верува дека бил првичниот изглед на кулата набљудувачница на замокот.