Бесен маж ѝ праќа СМС-порака на бабата:
„Вашиот продукт (ќерка) е оштетен. Не готви, не чисти, не пере и не пегла…“
Бабата му одговара со порака:
„Изборот е направен лично од Вас и производителот не е одговорен за скриените дефекти. Производот е продаден. Гаранцијата е помината. Можна е појава на програмска грешка. Обидете се да го отстраните проблемот со вашиот клуч. Ако не успеете – побарајте мајстор!“