Мексиканец на велосипед стигнал до границата меѓу Мексико и САД. Носел тежок ранец.
– Што имаш во ранецот? – Прашал американскиот граничар.
– Песок! – Одговорил мажот.
Граничарот проверил и навистина имало песок. Затоа го пуштил мажот.
По неколку дена мажот со велосипедот пак се појавил и повторно со тежок ранец.
– Што има во ранецот? – Прашал граничари.
– Песок.
Граничари проверил, се уверил дека носи песок и го пуштил да помине.
И така секоја недела, додека еден ден по шест месеци велосипедистот не престанал да се појавува. По неколку дена граничарот го сретнал во еден бар.
– Еј! – му се обратил граничарот.
– Ти не збудале последната половина година. Сигурни сме дека пренесуваше нешто нелегално. Те молам кажи ми што шверцуваше, ти ветувам дека ќе си остане меѓу нас.
– Велосипеди! – Одговорил Мексиканецот.

Сподели на Facebook
пати видено