Сакаш телото да ти е до нечие друго тело?! Сакаш да му го чувствуваш здивот, нели?! Да се потиш до целосна изнемоштеност…?! Сакаш да се движиш, да пулсираш, да гориш…?! Напред и назад. Навнатре-нанадвор… Прво бавно. После лудачки брзо. Сакаш да ја смените позата…?! Сега си позади… После напред… Сакаш да не знаеш каде си?! Тогаш што е проблемот? Качи се во градски автобус во 4 часот попладне – задоволството е загарантирано…

Сподели на Facebook
пати видено