Ако не верувате во Бог или некаков универзален дух, има поголема веројатност да сте груба и манипулативна личност, се тврди во една нова контроверзна студија. Атеистите покажуваат повеќе карактерни црти кои можат да се забележат кај психопатите, за разлика од луѓето кои себеси се сметаат за религиозни.
Но, и верниците не се поштедени од критика – според научното истражување, религиозните луѓе се понеинтелигентни од нерелигиозните луѓе. Религиозните луѓе повеќе се грижат за своите ближни и истражувачите веруваат дека ова откритие може да објасни зошто жените – кои по природа се повеќе сочувствителни – се исто така и порелигиозни од мажите.
Истражувачите од универзитети во Охајо и Масачусетс, САД, велат дека судирот помеѓу науката и религијата можеби ги има своите почетоци уште во структурата на мозокот. Преку скенирања на мозокот и експерименти се утврдило дека мозокот има два „мрежни системи“ кои се активираат кога размислуваме – едниот е аналитичен и критички настроен, а другиот е општествен и чувствен.
За да веруваат во натприроден бог или некаков универзален дух, се чини дека луѓето го потиснуваат мрежниот систем во мозокот кој се употребува за аналитичко размислување а се активира емпатетичкиот систем, велат научниците.
Во серија од осум експерименти, при што во секој од биле вклучени помеѓу 159 и 527 возрасни, истражувачите сакале да ја испитаат врската помеѓу верувањето во Бог или дух, моралните обѕири и аналитичкото мислење. Во сите осум експерименти се покажало дека колку некоја личност е порелигиозна, толку повеќе морални обѕири покажувала. Тие откриле дека верата и обѕирите кон другите се позитивно поврзани со честотата на молитвите, медитацијата и други видови на духовни и религиозни дејствија.
Од друга страна, истражувачите кажале дека има извесни сличности помеѓу атеистите и психопатите бидејќи и кај двете групи се забележува недостаток од сочувтво кон другите. Типичниот психопат покажува „отсуство на реакција при болка или страдање кај друга личност“. Целото истражување е поставено врз тезата дека во човечкиот мозок има две области кои се во постојана меѓусебна спротивставеност.
Сепак, би можеле да се запрашаме каде е сочувстивелноста кога се прават такви ужасни злосторства во име на религијата, дури и денес, во 21. век?