Една веб страница успеала да пристапи до повеќе од 73.000 локации од целиот свет од домашните камери поврзани на интернет, ползувајќи се од тоа што нивните сопственици не ставиле лозинки за нивните камери и ги употребуваат стандардните фабрички со што камерите се достапни практично на секого, известува Network World.
Веб сајтот – insecam.com – тврди дека собрал снимки од IP камери од целиот свет, при што најмногу од САД (11046), а има и од Македонија. Некои од снимките се безопасни, прикажувајќи глетки од продавници, канцеларии и паркиралишта, но на некои се прикажани малку поинтимни сцени од дневни и спални соби. Многу од камерите на веб страницата се употребуваат како камери за надгледување на нивните бебиња.
Кога една блогерка решила да ги контактира луѓето чиишто камери биле хакирани од insecam.com, не тргнало на добро.
Slashdot известува:
„На пример, сопственикот на еден пица ресторан ја испцу преку телефон обвинувајќи ја дека таа лично ги хакирала камерите. А кога некој конечно ја кренал слушалката во воен објект чиишто камери биле емитувани на сајтот, ѝ кажал да се јави во Пентагон“.
Не е првпат да се случи вакво нешто. Во 1913, Федералната трговска комисија превзеде мерки против производителот на камери TRENDnet откако и нивните сопствени камери биле хакирани. Но со оглед на тоа што insecam.com успеале да обезбедат достап од камери од повеќе производители, навистина е за чудење зошто во упатството за употреба не се препорачува нагодување на сигурни лозиники пред да почнат да се употребуваат…
Веб страницата insecam.com емитува снимки од повеќе од 73.000 камери од ширум светот, вклучувајќи ја и оваа кујна.
Експертите за безбедност велат дека членовите на интернет заедницата треба да се чуваат од стапиците на него. Оваа камера е наместена над бебешко креветче, но и креветот на возрасните се гледа јасно.
Ова бебешко креветче е достапно за очите на секого од целиот свет. Сопствениците на камерите немаат претстава дека снимки од нивниот дом се достапни на секого.
Сајтотт пренесува снимки и од камерите на кои не им биле променети фабричките лозинки.
Камерите се наместени во продавници, канцеларии, фабрики, градилишта и приватни домови.
За пристап кон безбедносните камери не се бара никаква лозинка.
Човекот кој се одмара на каучот воопшто не е свесен дека некој го набљудува.
Сопствениците мора да нагодат сигурни лозинки за нивните сигурносни камери, освен ако не сакаат целиот свет да има слободен увид во нивните сопствени домови.
Можете да гледате како се прави пиза во оваа пицерија на Доминос.
Изгледајте го и ова видео: