Единаесетгодишно Американче од Јужна Каролина починало при играњето на онлајн игра предизвик со онесвестување. Да`Вориус Греј минатата недела бил најден мртов во својот дом. Неговата мајка Латрис Харст изјавила дека тој играл онлајн игра-предизвик при што децата се гушат себеси до онесвествување. Харст сега ги советува родителите да ги надгледуваат своите деца и да внимаваат на нивната активност на социјалните медиуми.
„Кога би можела да го вратам наназад, би внимавала што прави мојот син на социјалните медиуми, Јутјуб, и воопшто на интернет. Тој посетувал веб страница наречена „Кик“ и играл игра наречена „џелат“ и предизвик со онесвестување, при што децата се гушеле себеси до онесвестување, и очигледно тоа е популарна игра кај децата.“
Очајната мајка споделува дека тој не покажувал никакви знаци на депресија ниту деструктивно однесување.
„Но, тој беше шегаџија и сакаше да прави трикови. Би рекла дека младите луѓе не би требало да бидат на социјалните медиуми или во најмала рака би требало да го прават тоа под надзор на возрасни.“
Таа вели дека загубата на нејзиниот син отворила дијалог помеѓу учениците и учителите. „Учениците доаѓаат во нашата заедница да се молиме заедно, разбирајќи дека исцелението е можно само преку Исус Христос.“
Да`Вориус бил шестоодделенец во основно училиште во Бич Спрингс, и неговите соученици и учители го помнат како најслаткото дете кое воопшто го сретнале.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!