Студенти по физика пресметале колку време би му требало на еден вампир да ви ја исцица крвта. Ова е последниот начин на кој би можел да заврши вашиот живот, но кога би се нашле во канџите на Дракула, колку долго би можеле да издржите? Според студенти по физика на Универзитетот на Лестер, одговорот е – 17,3 минути.

vm

Невообичаеното истражување било објавено токму за 85-годишнината од снимањето на славниот филм „Дракула“ од 1931 година, во кој вампирот го играл Бела Лугоси. Студентите пресметале колку крв би можеле да изгубите од рана на вратот и колку време би ѝ била потребна на една личност да умре од тоа. Според истражувањето, на еден вампир би му биле потребни 6.4 минути да испие 0.75 литри крв – што претставува 15 отсто од крвта во човечкото тело. Со надминување на 40 отсто загуба на крв, настапува смрт.

Сподели на Facebook
пати видено