Ние имаме делови на телото кои ни се чинат бесполезни, но тие всушност се доказ за нашата еволуција од – животни. Во видеото во прилогот се дискутира за овие еволутивни „остатоци“, објаснувајќи зошто и како се формирале. Во нив спаѓа и мускул на рацете наречен palamaris longus, кој го нема во 10 до 15 отсто од луѓето.

Во видеото се објаснува дека отсуството на овој мускул не ја прави личноста послаба. Мускулот е остаток од нашите предци кои ги употребувале подлактиците за искачување, и со него се потврдува теоријата за еволуцијата. Но, денес луѓето без овој мускул можат да стегаат исто толку силно како и тие со него. Неговиот обилк исто така може да се разликува од личност до личност. Тетивата може да е над мускулот, или пак може да има мускул со тетива над и под него, или пак од две мускулни ткива со централна тетива. Кај некои е подалеку, а кај други е подалеку од зглобот на дланката.

ev01

Ова покажува дека тоа што некогаш било важен и витален дел од нашата анатомија со промената на начинот на живот може да стане излишен дел и полека со текот на времето да се промени. Ова е во самата основа на теоријата на еволуцијата – дека нашите тела се менуваат како одговор на промените во условите за живеење, во текот на милиони години.

ev05 еv02

Имањето на овој мускул не значи дека сте нешто повеќе или нешто помалку, туку е доказ за процесот на еволуцијата, и со тек на време можеби сите луѓе ќе го загубат овој мускул. Во студија од 2014 година објавена во Биомед Рисрч Интернејшене, истражувачите докажале дека мускулот е подолг кај примати како лемурите, кои своите предни екстремитети повеќе ги употребуваат за искачување, додека е пократок кај луѓето и кај приматите кои не се качуваат на дрвјата толку често. Табанскиот мускул (m. plantaris) пак, се употребува од животните кои зграпчуваат предмети со нивните нозе. Токму затоа некои мајмуни можат да ги употребуваат своите нозе на ист начин како и своите раце. Овој мускул го има и кај луѓето, но сега е толку закржлавен, што докторите често го вадат кога им е потребно ткиво за реконструкција на други телесни делови.

ev03

Друг артефакт кој сме го наследиле од нашите предци е накострешувањето. Функцијата на оваа телесна реакција кај нашите предци била да ги крене влакната на телото и на тој начин да изгледаат поголеми и пострашни за грабливците. Така, накострешувањето може да издаде како се чувствувате во даден момент.

Опашната коска е крајниот дел од `рбетниот столб кај луѓето и мајмуните, како и кај други цицачи како коњите. Ова е тоа што останало од опашките на нашите предци. Со текот на времето сме ја изгубиле потребата за опашка, но не сме ја изгубиле потребата за опашната коска. Сега таа служи како потпора за повеќе мускули, како и при седење и потпирање. Човечките ембриони во првите четири недели имаат мала опашка, но клетките на опашката се програмирани да престанат да се развиваат. На околу шест до дванаесет недели возраст, белите крвни клетки прават опашката да се распадне, по што фетусот се развива во нормално човечко бебе. Понекогаш некои бебиња се раѓаат со мек опаш, без коски, кој се состои само од крвни садови, мускули и нерви, но оваа е ретка појава.

ev04

Ушите се уште еден дел од нашето тело кој сведочи за нашето еволутивно патешествие. Трите мускули на надворешното уво на човекот не му овозможуваат многу простор за движење на ушите. Но причината за постоењето на овие мускули лежи во тоа што другите цицачи со помош на нив ги насочуваат нивните уши во правецот од кадешто доаѓа звукот.

Сподели на Facebook
пати видено