Иако секој сака што е можно поголемо и попространо живеалиште, и минимализмот како концепт си има свои предности. Малите куќи можат да бидат поефикасни во поглед на искористувањето на енергијата, и многу се лесни за преместување. Архитектите ги сакаат малите куќи бидејќи тие претставуваат особен предизвик, а резултатите често се чудни, но интересни градби. „Малите нешта даваат чувство на слобода да експериментирате без да се грижите за буџетот ниту за сложените функционалности“, пишува Ребека Рок, како увод во својата книга за овој концепт. Следуваат осум такви примери за минијатурни живеалишта.
1. Ное
Оваа мала куќичка е направена од сосема исто обликувани ромбовидни компоненти. Деловите кои ги сочинуваат ѕидовите и покривот. Цик-цак ѕидовите создаваат три „нозе“ на коишто се потпира куќата, наместо врз темели, а поради тоа што е составена од идентични делови, таа лесно може да се прошири во поголем простор.
2. Гнездо од трски
Оваа едноставна викендичка во Нов Зеланд се простира врз само 3m² и ги содржи само најнеопходните нешта: кревет, маса, полици на едниот ѕид и еден прозорец. Совршено засолниште.
3. Сферични куќи
Сферичните куќи се дел од хотел на островот Ванкувер и нудат кревет, мала кујна и дневен престој. Тие се широки само три метри и се дизајнирани да се нишаат на ветрот, за никогаш да не заборавите дека сте на дрво.
4. BLOB VB3
Овие „капки“ од 6m² првично биле создадени како проширување за канцелариите на белгиска дизајнерска фирма. Тие се подвижни, енергетски ефикасни и можат да се транспортираат со камион. Оваа мала куќичка има кревет, кујна и бања, со ниши во ѕидот кои служат како полици.
5. Духовно засолниште
Дизајнирано од двајца студенти од Германија, Духовното засолниште е место за медитација кое лесно може да се расклопи и преместува. Првобитно осмислено како место за учење, многу од неговите компоненти имаат повеќекратни намени: предниот ѕид може да се свитка во трем. Покривот се отвора, а во ѕидовите е вграден мебел на расклопување како маса и скали.
6. Стаклена куќа
Оваа целосно проѕирна куќа во Милано е направена со цел да можете да се почувствувате како да живеете во самата шума. Секако, надевајќи се дека во околината нема многу соседи.
7. Засолниште бр. 2
Ова трократно ромбовидно живеалиште е изработено од рециклиран материјал. Во него би можело да живее трочлено семејство и е сочинето од кујна, бања, просторија дневен престој и спална соба, распоредени околу централните скали.
8. Такасуги-ан (Куќа за чај изградена превисоко)
Внатрешноста на оваа куќичка за чај во Јапонија, дизајнирана за лична употреба на архитектот, изнесува помалку од 1m². Има простор само колку да се напиете шолја чај додека гледате кон блискиот град Чино.