Во „Меѓуѕвезден“, новиот филм на Кристофер Нолан, астроанутите преку новооткриената временска дупка близу Сатурн ја напуштаат нашата галаксија и откриваат нови светови во кои човештвото може да се насели. Зборот „црвоточина“ или „временска дупка“ се често среќавани во популарната култура и научната фантастика, но што точно претставува тоа? Дали овие кратенки низ времето и просторот и времето навистина постојат, или се само уште една научно-фантастична измислица.

Од Земјата до месечината

vr01

Уште од кога мисијата Аполо 11 слета на месечината на 20 јули, 1969 г., човештвото настојува да ја истражува вселената надвор од границите на атмосферата на нашата планета.

…и многу подалеку од тоа

vr02

Проблемите во врска со патувањето во вселената се многу, но една од главните пречки е времето, бидејќи човечкиот живот не трае долго, најмногу до стотина години. Леталото Војаџер 1 лансирано во 1977 допрва годинава стигна до меѓуѕвездениот простор. Тоа се речиси четириесет години пат до просторот надвор од нашиот сончев систем. Како можеме да се справиме со тоа?

Кога решението го нема во науката, пробајте во научната фантастика

vr03

Со години научната фантастика е во чекор со науката (или пред неа). Телевизиските програми како „Ѕвездени патеки“ и „Војна на ѕвездите“ ја промовираше посакуваната технлогија за да се оствари неверојатниот подвиг за патување низ вселената.

Од фантастика до стварност

vr04

Но, понекогаш излегува дека научната фантастика и не е толку фантастична колку што често ни се чини. Теоретскиот физичар Мичио Каку често изјавува дека патувањето низ вселената на начин на кој се опишува во научно-фантастичните дела е сосема можно. Единствено што треба е нашата технологија да ги стигне креативните умови зад овие дела.

Ајнштајн-Розеновиот мост

vr05

Џон Арчибалд Вилер, американски теоретски физичар за првпат го употребил изразот „црвоточина“ во 1957 како начин на неговите колеги подобро да им го објасни феноменот дотогаш познат како Ајнштајн-Розенов мост. Без да навлегуваме во премногу детали од математиката и физиката, црвоточината во основа е претпоставена тополошка карактеристика која премостува една точка од вселенското време со друга. Не постои никаков визуелен доказ за овие временски дупки, но математичките пресметки покажуваат дека ги има.

Како функционира тоа?

vr06

Кип Торн и Мајк Морис за првпат во 1988 застанале цврсто зад постоењето на временски дупки во вселената. Со други зборови, овие гравитациони бунари кои поврзуваат две временски точки, теоретски гледано, би можеле да обозможат двонасочно патување преку сончевите системи, галаксии и универзуми. И повторно, математичките пресметки го потврдуваат тоа, поткрепено со дополнителни истражувања, но сепак не постои никаков визуелен доказ за нив.

Кога се сомневате, вратете се на таблата

vr07

vr08

Се појавува „Меѓуѕвезден“ – проект миленик на Торн за кој соработувал со Стивен Спилберг. Спилберг го напуштил проектот, а на неговото место дошол Кристофер Нолан. Филмот базиран главно на Торновото дело во областа на теоретската физика и црвоточините, претставува сценарио во билската иднина во која истражувачите ги употребуваат временските дупки како средство за патување низ вселената.

Како би требало да изгледа црната дупка

vr09

Големото изненадување во целиот процес е што преку визуелни ефекти се доловил можниот резултат на равенките на Торн, односно изгледот од близу на наводната временска дупка.

 

Сподели на Facebook
пати видено