Секоја година, кога ќе го слушнеме одбројувањето до Новата Година, си ветуваме на себеси дека новата година ќе биде подобра од претходната, дека нештата ќе ги правиме поинаку и ќе правиме поинакви нешта, ќе запознаваме нови луѓе, ќе патуваме, ќе бидеме различни, единствени и ќе се ослободиме од сите нешта што нѐ мачат и ни тежат на градите. Но, колку често го остваруваме тоа?

Еве, сега зад нас останува и третиот месец од годината, колку од зацртаното воопшто и сме почнале? Ако не сте, не лутете се на себеси затоа што не се држите до ветувањата кон себеси. Не е едноставно човек да се промени за еден ден. Морате да следите некои чекори, и овие чекори ќе ви олеснат многу повеќе отколку што си мислите.

pr01

1. Направете листа на книгите и филмовите кои сакате да ги прочитате/гледате

И направете си план! Колку долго ќе ви треба да завршите една книга? Една седмица или еден месец? Кажете си себеси дека ќе прочитате една книга на секои два месеци. Филмовите се полесни, бидејќи можете да изгледате по еден секој ден. Но, ако немате време, обидете се со два филма неделно.

2. Најдете си ново хоби

Дали ја сакате музиката? Сакате ли да научите да свирите на некој инструмент. Дали веќе знаете да свирите на нешто? Тогаш, основајте бенд! Дали сакате да научите нови јазици? Да танцувате или можеби фотофрафија? Ќе се изненадите колку нови хобија може да најде човек. Сѐ што треба да направите е да го најдете она што го сакате.

pr02

3. Средете си го режимот на спиење

Е, не мора да бидете војнички строги во врска со него. Но, средувањето на распоредот за спиењето и придржувањето кон него е најдоброто нешто што би можеле да го сторите, бидејќи долгорочно гледано тоа ќе ви помогне многу. Нема да се чувствувате исцрпени, како прво. Ќе ви биде полесно да се будите рано и да си го регулирате внатрешниот часовник и едноставно ќе имате време за сѐ.

4. Однесувајте се позитивно

Не само што треба да мислите позитивно, туку тоа треба да го спроведете и на дело. Всушност, дејствувањето е клучно во развивањето на самодоверба. Една работа е да научите да мислите позитивно, но кога тоа ќе почнете и да го спроведувате на дело, почнувате да се менувате, со секое дело. Вие сте тоа што го правите, па така, ако почнете да менувате што правите, ќе почнете да се менувате и себеси. Зборувајте со луѓето на позитивен начин, почнете убаво да се однесувате и наскоро ќе ја забележите разликата.

pr03

5. Излезете од вашата зона на удобност

Кога ќе почнете да правите нешта коишто мислите дека не можете да ги правите, вашата удобна зона почнува да се проширува. Дури и правењето на нешто мало, но секој ден, полека ќе ве доведе кон нешто поголемо. Ќе почнете да растете и да се развивате, за на крај да се почувстувате незапирливи. Само направете го првиот чекор.

6. Урамнотежена исхрана

Ова не значи да се ставите на строга диета или да станете вегетаријанец. „Урамнотежена“ едноставно значи да почнете да се храните здраво и да ја избегнувате неквалитетната храна. Пробајте нови рецепти, почесто посетувајте ги пазарите по свежи намирници, месо и обидете се да се снабдите со сите неопходни хранливи материи потребни на вашето тело. Нахранете го вашето тело, и тоа ќе ве награди за тоа.

7. Пробајте малку да вежбате

Ова нема толку врска со вашата надворешност, колку со вашата внатрешност. Вежбањето помага вашето тело да почне да лачи хормони на среќа, да се избори со стресот, ви ја зголемува самодовербата и ве полни со чувство дека сте постигнале нешто. Дури и едноставното одење можете да спречите кардиоваскуларни заболувања, па така обидете со нешто. Не мора да се претворите во бодибилдер, само треба да почнете да мрдате малку од малку.

8. Медитација

И со ова не мислиме дека треба да се претворите во јога гуру. Научете да си го слушате дишењето, да си го почувствувате сопственото битие и да си ги смирите мислите. Одвојте малку време да бидете сами кога ви е потребно тоа.

pr04

9. Заштедете за патување

Грижете се за вашата финансиска состојба, бидете штедливи, но пробајте да заштедите малку и за некое патување. Секој сака да патува и тоа е нешто за што никогаш нема да зажалите. Кога сѐ ќе помине, искуствата и спомените се тоа што ќе остане.

10. Сакајте се себеси

Научете да се погледнете во огледало и да си кажете: „Да, ова сум јас и како мене нема никој друг на овој свет“. Дознајте си ги силните страни, обидете се да си ги подобрите слабостите, но и помирете се со тоа дека секој си има свои недостатоци. И не само тоа, туку и недостатоците можат да станат силна страна, ваш препознатлив знак.

Сподели на Facebook
пати видено