Истражувачи при универзитетот Харвард развиле начин бргу да се менува проѕирноста на стаклените прозорци. Иако и до сега имаше идеи за „прилагодливи“ прозорци, претходните методи вклучуваа скапи електрохемиски реакции кои, иако ефикасни, не вршат многу работа за широка потрошувачка. Но, сега научниците изнашле поевтина и поефективна алтернатива со напластување на повеќе слоеви проѕирни, меки еластомери, врз кои е напрскан слој на сребрени наножици.

pr
Кога ќе се пушти струја, жиците се придвижуваат една кон друга, со што се менува проѕирноста на стаклото од проѕирно, заматено, до непроѕирно со сите премини, со само едно завртување на прекинувачот.

„Тоа е како замрзнато езеро. Ако замрзнатото езеро е мазно, можете да видите преку ледот“, пишува постдокторантот Семјуел Шиан. „Но, ако мразот е многу изгребан, не можете да видите низ него“.

Следниот чекор е да се најде начин за примена на потенки еластомери за кои ќе бидат потребни пониски волтажи.

Сподели на Facebook
пати видено