Неодамна откриен фосил би можел да го содржи тоа по што научниците трагаат со години: ДНК од диносаурус! Остатоци стари 68 милиони години коишто биле откопани на археолошки локалитет во Монтана, САД, содржат фрагменти од медуларна коска – нешто што кај птиците типично го има пред и после положувањето јајца. Откритието не само што покажува дека овој диносаурус бил бремена женка, туку би можел на научниците да им ја понуди првата можност да се здобијат со зачувана ДНК од Тираносаурус Рекс.
„Да, возможно е“, вели Линдзи Зано од државниот универзитет на Северна Каролина. „Имаме доказ дека фрагменти од ДНК би можеле да бидат сочувани во фосили на диносауруси, но останува оваа можност да се испитува и понатаму.“
Наоѓањето на медуларна коска во фосилни остатоци на диносаурус само по себе е ретка појава бидејќи нејзината присутност трае кратко. До сега се идентификувани само неколку други вакви примери.
„Имавме среќа што ги најдовме овие фосилни остатоци на женката“, вели палеонтологот Сара Вернинг. „Медуларната коска е присутна само три до четири недели кај женките кога се зрели за рамножување“.
Секако, сѐ уште сме далеку од тоа да гледаме диносаурус во зоолошка градина, но во секој случај ова е едно од најважните откритија во палеонтологијата.