Комичарот и актер Џим Кери во последните години се прочу како активист, напаѓајќи ја американската влада поради огромното влијание на големите корпорации врз нејзината политика, а во последно време неговите напади се упатени кон фармацевтските корпорации. Во јули 2015 Кери напишал долга објава на Твитер, во која го прозвал калифорнискиот гувернер Џери Браун, нарекувајќи го „корпоративен фашист“ откако Браун одобрил легислатива со која вакцините стануваат задолжителни. Какво и да е вашето мислење во врска со медицините, ставот на Кери е интересен бидејќи тој е за вакцините, но ја критикува владата поради тоа што ги присилува граѓаните да се вакцинираат, бидејќи ризиците по здравјето од нив се уште не се доволно испитани и проценети. „Калифорнискиот гувернер вели `да` на труењето на уште повеќе деца со жива и алуминиум во задолжителните вакцини. Овој корпоративен фашист мора да биде запрен“, пишува Кери.
Оттогаш, Кери е уште погласен и поактивен на оваа тема, заедно со Џени Меккарти, која верува дека аутизмот на нејзиниот син бил предизвикан од вакциите. Иако љубовната врска помеѓу Кери и Мекарти завршила пред шест години, Кери формирал цврст став во врска со неговите убедувања за вакцините. Мора да се истакне дека сето ова можеби и не е без основа, бидејќи во повеќе наврати се истакнува за штетата која можат да ја предизвикаат вакцините. Кери вели: „Воопшто нема сомнеж дека многу од овие вакцини спаѓаат меѓу најголемите медицински напреднувања во историјата. Нема сомнеж ни дека вакцините можат да повредуваат луѓе и го прават тоа,како што докажуваат стотиците милиони долари доделени на Вакцинскиот суд.“
Во 2014 година Асошиејтед Прес објави резултати од истражните постапки во судот, при што истакна на бројни неправилности во врска со ажурирањата на податоците. Судот исто така користел пари на даночните обврзници за да плаќа на приватни адвокати кои ги застапуваат интересите на барателите, при што адвокатите се платени без разлика дали ќе го добијат случајот или не, со што се смета дека судскиот процес за нив не претставува предизвик, бидејќи и во случај да добијат и во случај да изгубат, тие на крајот ќе бидат платени.
Асошиејтед Прес најде и други примери за корупција, пред сѐ во валидноста на аргументите за безбедноста на вакцините, при коишто се нашле повеќе плагијати и фалсификати. Покрај тоа, се покажало дека експертите во одбрана на владата се доктори кои се поврзани со фармацевтските компании, коишто директно профитираат од продолжителната употреба на вакцините.