Колку девојки гледате на оваа слика? Таа поттикна жестоки дискусии на социјалните мрежи по нејзиното појавување на интернет. Фотографијата привлече илјадници коментари, при што луѓето дебатираат дали на неа има две, четири, пет, па дури и тринаесет девојки. Некои дури сметаат дека се работи за близначки и тројки. Сликата е дело на швајцарскиот фотограф Тицијана Вергари.

og01

„Девојката бр. 1 и девојката бр. 4 се различни луѓе. Погледнете колку им се различни лицата“, пишува еден. Друг вели: „Очигледно е дека се четири девојки. Погледнете колку одрази има. Ако ги гледате в лице, огледалото го покажува нивниот тил. Ако ги гледате в тил, огледалото го одразува лицето. Девојките само си личат.“

og02

„Има две девојки…и двете девојки имаат по едно огледало секоја од својата страна, при што се дуплираат одразите во огледалата и прават илузија дека има повеќе девојки.“

Што мислите вие?

Сподели на Facebook
пати видено