Жена во супермаркет си купила: половина литар 2% млеко, табла јајца, зелка, пакет кафе од 250 грама и килограм месо. Додека ги оставала работите на касата, еден пијаница се приближил и почнал да гледа што остава на лентата. Додека касиерката работела, пијаницата почнал да зборува тивко:
– Вие не сте мажена!
Жената шест пати погледнала на лентата и не видела ништо што би покажало дека навистина не е мажена, па решила да го праша човекот.
– Така е, апсолутно сте во право, ама како дознавте дека не сум мажена?
Пијаницата ја погледнал право во очите и ѝ рекол:
– Грда си…

Сподели на Facebook
пати видено