Кафето е топла напивка без која голем дел од светот не може да се разбуди. И додека можеби се одвикнувате од кафето или се обидувате да го замените со кафе без кофеин, според некои нови истражувања љубовта (или во некои случаи зависноста) кон кафето е можеби нешто што ни е врежано во гените.

Вашиот мозок на кафе

kf01

Во едно истражување спроведено во 2011 година од страна на Харвардското училиште за јавно здравје биле скенирани геномите на 47.341 човек од кои била обезбедена информацијата за нивната употреба на кафе. Истражувачите откриле дека редовните кафепијачи имаат два гени во организмот кои помагаат во ефикасното метаболизирање на кофеинот.

Несекојдневна комбинација

kf02

Овие два гени помогнале да се објасни малиот процент на луѓе кои не можат да се освестат наутро без дупла доза на еспресо. Но тие не ја прикажуваат целата слика, бидејќи можеби се наоѓале и уште поретки варијации на „кафеџиските гени“.

Тајните шест

kf03

Биле потребни цели три години, но истражувачите конечно успеале да ги откријат и тие поретки варијации. Во најновото истражување од 2014 објавено во „Молекуларна билогија“ било прогласено пронаоѓањето на шест нови „кафе гени“ со што бројот на гените поврзани со кафето на определен начин се покачил на осум.

Јака работа

kf05

Се разбира има и некои исклучоци. Истражувањето пронашло слични генетски комбинации во Европа, Америка и Австралија, но тие комбинации се губат на места како Пакистан, кадешто пиењето кафе е реткост.

Треперење

 kf06

Специфичните генски комбинации кај овие луѓе им помагаат на нивните организми полесно да го сварат кафето. Кај луѓето кај кои овие гени отсуствуваат тоа оди малку потешко и можеби тоа е причината поради која кај нив се јавува треперење после испиеното кафе.

Добрите ефекти на кафето

kf07

Кафето не само што може да ви помогне да го поминете понеделничкиот утрински работен состанок, туку има и други полезни особини. Според еден експеримент спроведен во 2012 година, кафето може да помогне и за подобро помнење.

Дај уште едно

kf08

Според друго истражување спроведено врз луѓе во поодмината возраст било утврдено дека пиењето кафе ја одлагало појавата на деменција и Алцхајмерова болест кај луѓе кои веќе покажувале знаци на заборавност.

Сѐ најдобро за кафето

kf09

Кафето понекогаш (погрешно) се опишува како лоша навика, но едно долготрајно истражување покажало дека пиењето кафе може да помогне во спречувањето на срцеви болести, болести на дишниот систем, удар и дијабетес. Како и да е, имајте на ја на ум старата народна поговорка дека „многу арно не е на арно“, а и цел ден да се налевате кафе пред телевизорот гледајќи срцепарателни турски серии – сепак тоа можеби нема да биде многу здраво за вашето срце.

Сподели на Facebook
пати видено